Мени

Кумановка вооружена со пиштол се возела во југо

06.04.2014 12:09 | KumanovoNews

Кумановка била откриена со нелегално оружје додека се возела со нејзиниот пријател во автомобил на булеварот „Октомвриска револуција„.

Кумановка вооружена со пиштол се возела во југо

Полицијата вчера во попладневните часови запрела возило Југо, со кој управувал О.М. (36) од Куманово, а сопатничка му била М.Г.(36).

При претрес на М.Г. бил пронајден пиштол за кој таа немала одобрение за носење и поседување. По целосно расчистување против М.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок.