×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ангажира 17 образовни асистенти за помош на учениците со попреченост

    29.09.2020 16:28 | KumanovoNews

    Општина Куманово ангажираше 17 образовни асистенти за помош и поддршка на ученици со попреченост во седум основни и средни училишта во градот.

    Куманово ангажира 17 образовни асистенти за помош на учениците со попреченост

     Асистентите имаат обврска во наредните 9 месеци по 20 часа неделно да им помагаат на учениците при посета на училиштата и во воспитно-образовниот процес.

    - Самиот проект има хуман карактер бидејќи се работи за една од најчувствителните категории на нашите сограѓани, лица со попреченост. Се работи за малолетни лица кои ќе добијат образовни асистенти, кои им асистираат при посета на училиштата и во воспитно-образовниот процес. Потребата од вакви асистенти е реално потребна и многу голема не само во Куманово и во државата. Имаме голем број на наши сограѓани,  кои се во тешка состојба и мора да им се помогне, поради што и државата и општината мора да изнајде начин да им го олесни животот, - истакна градоначалникот Максим Димитриевски, кој ги врачи решенијата на асистентите.

    Асистентите се ангажирани на проектот „Моќта на децата”, од програмата за општинско-корисна работа, која е составен дел од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот донесен од страна на Владата. Целта е да се унапреди системот за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Програмата е финансирана од Агензијата за вработување и Општина Куманово.

     Проектот вреди 1,2 милиони денари, од кои Oпштина Куманово обезбеди 700 илјади денари, а Агенцијата за вработување 500 илјади денари.