×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово без новозаболени од коронавирус

    26.05.2020 12:32 | KumanovoNews

    Во Куманово денеска нема новозаболени од коронавирус, информираат од Институтот за јавно здравје.

    Куманово без новозаболени од коронавирус

    Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на КОВИД-19: Скопје 9, Штип 5, Струга 1 и Гостивар 1.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти: Скопје 3 и Тетово 11.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78), хоспитализирана на 14 мај.

    Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76) примена на 19 мај.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

    Досега во земјата се направени вкупно 25 841 тестирања на КОВИД-19. Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика.

    Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.