Мени

Куманово ќе бира спортист за 2019 година

13.12.2019 11:56 | KumanovoNews

Во Занаетчискиот дом на Куманово, во среда во 18 часот, ќе се одржи манифестацијата за избор на најдобри спортисти на годината.

Куманово ќе бира спортист за 2019 година

Сојузот на спортови на Куманово, оваа година ќе додели 10 признанија за најдобар спортист, по една награда за најдобар клуб, за најдобар тренер во сениорска и младинска категорија, награда за животно дело, за меѓународен успешен спортист, за најдобар спортист пензионер, за најдобар спортист со инвалидитет.

Во рамките на манифестацијата ќе бидат доделени и благодарници, како и награди за училишен спорт, за ученици и професори.

(фото. избор на спортист 2017)