×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие 5,4 милиони денари за замена на системот за греење во три јавни објекти

    18.12.2019 09:52 | KumanovoNews

      Владата ќе одобри 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење во градинката „Пчелка“, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Куманово ќе добие 5,4 милиони денари за замена на системот за греење во три јавни објекти

    „ Одлуката за одобрување средства на Општина Куманово се однесува на активностите кои ги преземаме за намалување на аерозагадувањето. Планираме да издвоиме 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење во Градинката „Пчелка“, во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, информираше премиерот Зоран Заев, на владината седница во Куманово.

    Средства за истата намена од буџетот на државата ќе се издвојат и за општините  Центар, Чаир, Струмица и Свети Николе.