×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие Графички регистар на улици и куќни броеви - теренските активности во тек

    22.09.2020 07:33 | KumanovoNews

    Куманово е една од 11 општини во државата кадешто преку проект на ЕУ, Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) спроведува теренско прибирање на податоци за улиците и куќните броеви, за изработка на  Графички регистар на улици и куќни броеви.

    Куманово ќе добие Графички регистар на улици и куќни броеви - теренските активности во тек

    Втората фаза започна на 1 септември и ќе трае до 16 ноември  годинава во градското подрачје, откако предходно активностите завршиле во селските средини.

    -  Графичкиот регистар на улици и куќни броеви ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви. Адресниот регистар е еден од државните приоритети и ќе биде единствен и авторитативен извор на адресни информации во Република Северна Македонија. Информациите за адресните податоци ќе се добиваат на брз и ефикасен начин, по електронски пат, преку систем обезбеден од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, - информираат од Агенцијата за Кумановоњус.

    Проектот за воспоставување на Графички регистар на улици и куќни броеви за теренско прибирање на графичките и атрибутните податоци за улиците и куќните броеви за овие 11 општини во државата, се имплементира во рамките на програмата IPA/2019/PG/0168-6574, со финансиска подршка од Европската Унија. Теренската работа ќе трае до прибирањето на сите потребни податоци. Според предвидената динамика активностите на ангажираната геодетска фирма треба да завршат за 2,5 месеци.

    Во согласност со Законот за катастар на недвижности, Агенцијата за катастар на недвижности ја има надлежноста за воспоставување и управување со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви кој е дел од Адресниот регистар на Република Северна Македонија.