×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие регионален центар за средно стручно образование и обука

    30.11.2020 13:57 | KumanovoNews

    Во Куманово ќе се создаде еден од трите регионални центри за средно стручно образование, откако ќе се воспостави нов концепт на средното стручно образование, најави министерката за образование и наука Мила Царовска.

     

    Куманово ќе добие регионален центар за средно стручно образование и обука

    „Активно работиме на воспоставување на три регионални центри за средно стручно образование и обука во Куманово, Тетово и Охрид. Нашата тенденција ќе биде вакви ВЕТ центри да отвориме во сите региони во државата. ВЕТ центрите кои се воспоставуваат со поддршка на Европската делегација и со инвестиција од МОН и техничка и друг вид поддршка во делот на организација и верификување на профили и опрема, од Швајцарската развојна агенција, треба да почнат да служат како ресурсни центри во регионот не само да верификуваат кадри, туку истите тие профили да имаат влез во компаниите и да се вклучат во обука “, рече Царовска.

    Царовска истакна дека сега имаме стручни училишта кои продуцираат кадар што не e потребен на пазарот на труд.

    „Од оваа година ја променивме и политиката на стипендирање. Досега државата воопшто не стипендираше средни технички училишта. За прв пат воведовме можност да ги стипендираме учениците од техничките училишта и гледаме дека не се навикнати да аплицираат. Понатаму и уписната политика ќе ја поврземе со стипендирањето и ќе имаме подобри резултати“, рече Царовска.