Куманово денес без новозаболени од коронавирус
04.05.2020 12:29
| KumanovoNews
Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, од кои за првпат во Куманово нема забележано позитивен случај на КОВИД-19, информираше министерот Венко Филипче.

Од направените тестирања потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 47 оздравени пациенти.
- Скопје 9
- Куманово 9
- Прилеп 8
- Тетово 13
- Охрид 1
- Гостивар 5
- Кочани 1
- Крива Паланка 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.