×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ја пречека американската војска

    28.07.2017 15:49 | KumanovoNews

    Во Куманово, денеска, беше организиран свечен пречек на учесниците на меѓународната воената вежба Драгун Гардиен 17, која во наредните 10 дена ќе се одржи на воениот полигон Криволак.

    Куманово ја пречека американската војска

     На меѓународната вежба ќе учествуваат 300 припадници на вооружените сили на САД, 120 инжинериски возила и опрема и 95 војници на АРМ, како активни учесници или подршка . Македонските и американски војници ќе работат на подобрување на подготвеноста на инжинериски и медицински задачи за да се справата со сите предизвици што можат да се појават.

    На пречекот на американската војска  во Куманово присуствуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, американскиот амбасадор Џес Бејли, бригадниот генерал на АРМ Зоран Милевски, градоначалникот Зоран Дамјановски, гости и граѓани.

    „Чест ми е што денеска од Куманово ќе го означиме почетокот на вежбовната активност, Драгун Гардиен 17, која е одлична можност за зајакнување на билатералната соработка меѓу Армијата на Република Македонија и американските вооружени сили. Оваа вежба ќе биде одлична можност за зајакнување на подготвеноста на нашите единици, ќе придинесе за подобрување на интероперабилноста и ќе ја приближи АРМ кон високите критериуми на нашите партнери од САД. На локалната самоуправа Куманово и на граѓаните сакам да се заблагодарам за укажаното гостопримство и да потенцирам дека и понатаму ќе се трудиме да работиме заедно-во духот на успешната цивилно-воена соработка,- рече во своето обраќање министерката Шекеринска.

    Амбасадорот Џес Бејли уште еднаш ја повтори подршката на САД за влез на Македонија во НАТО, преку реформите во државата и учеството во меѓународните воени вежби.

     „Зедничките вежби ја доближуваат Македонија кон НАТО. Важно е да се напомене дека членството во НАТО не е нешто за што само се зборува. Преку билатерални обуки и вежби и преку настани и операции подржани од НАТО, ние и помагаме на Македонија да се подготви за полнопарвно членство во НАТО. САД работат да ја видат Македонија како станува дел од НАТО, било да е преку подршка на реформите за зајакнување на демократијата, или преку вежби како што е Драгун Гардијан, -рече Бејли.

    Тој истакна дека ја започнуваат вежбата во Куманово, затоа што е градот претставува историска раскрсница помеѓу Македонија и нејзините соседи, поврзувајќи ги трговските и транспортни патишта од исток на запад и север и југ.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски во својот поздравен говор истакна дека Куманово е град на различности, мултиетнички град во кој успешно е создадено и функционира граѓанското општество.

    „ Соживотoт и почитувањето секојдневно претставуваат темел за понатамошниот поуспешен развој на овој град. Инклузијата на граѓаните за значајни општествени одлуки била секогаш на прво место како во минатото така и денес, што и преку овој настан го покажуваме. Со претставување на дел од активностите на АРМ и на САД и нивен непосреден контакт со изложените возила, граѓаните на овој град ќе можат поблиску да се запознаат со значењето на оваа вежба и суштината на самиот интегративен процес“,- рече Дамјановски.

    Граѓаните на Куманово денеска можеа да видат дел од воената опрема со која раполага американската војска и АРМ. Најбројни беа децата и младите, кои разговараа со војниците се сликаат покрај возила и се радуваа на несекојдневната можност да ја видат  во живо воената опрема од видео-игрите и филмовите.