Куманово ќе биде домаќин на Светосавската академија на 26 јануари
23.01.2026 11:34
| KumanovoNews
По повод националниот празник на Србите во Македонија – Св. Сава, Демократската партија на Србите од Македонија и Српската заедница Куманово, традиционално и оваа година ја организираат Светосавската академија.
Академијата ќе се одржи во понеделник на 26 јануари, со почеток во 19:00 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово.
Како и изминатите години, организаторите најавуваат квалитетна програма, со цел достоинствено и свечено да се одбележи Националниот празник на Србите.
На свечената академија се очекува присуство и учество на високи претставници од Владите на Република Северна Македонија и Република Србија, како и реномирани драмски уметници од Македонија и Србија, кои ќе дадат посебен културен белег на настанот.