Куманово ќе биде поубаво место да живеење, со многу паркови и зелени површини, најави Петковски
Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, работи исклучиво за граѓанскиот интерес, во нашиот план предвидени се проекти кои треба да ја заштитат животната средина, а Куманово да биде поубаво место за живеење, со многу паркови, зелени површини, среќни граѓани, кажа Стефан Петковски од листата на советници.

„За таа цел, во победничката програма предвидуваме: изградба на три нови градски паркови: на влез во село Проевце, на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол, како и изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев. Стариот градски парк ќе биде реконструиран и трансформиран во смарт парк со многу различни содржини. Ќе го зголемиме буџетот за одржување на хигиена на јавни површини на територија на Општина Куманово и дополнително раззеленување на нови зелени површини. По победата на 31-ви октомври ќе ги заштитиме сите неизградени, а планираме зелени површини во опфат на Генерален урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема во Куманово“, кажа Петковски.
Тој додаде дека ќе има нови дрвореди на улиците „Ленинова“ и „Браќа Рибар“ (Нагорички сокак),булевар „Октомвриска револуција“, булевар “Трета МУБ“ и на сите други локации каде постои можност за тоа, а до овој момент сè уште не се реализирани.