×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие противпожарно возило со хидраулична корпа донација од Австрија

    22.09.2025 15:44 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе добие современо противпожарно возило со хидраулична корпа, преку проект за зајакнување на капацитетите на противпожарните единици во соработка со покраината Тирол во Австрија. 

    Куманово ќе добие противпожарно возило со хидраулична корпа донација од Австрија

    Скалата е висока 32 мери и ќе се користи за гаснење на пожарите во висококатниците. 

    Во моментов тројца пожарникари од ТППЕ Куманово се на обука во Ватенс и Тирол, Австрија и Вуковар, Хрватска, за работа со возилото. По завршување на обуката, тоа ќе биде ставено во функција за навремена и ефикасна интервенција при пожари.

    „Возилото е во одлична техничка состојба, се работи за возило со хидраулична скала и систем за спасување што градот Скопје го купи пред 3 години и чини над 700.000 евра, и дополнително уште едно адаптирано возило за интервенција на шумски пожари. Во рамките на овој проект ние сакаме да ги зголемиме нашите капацитети и нашето искуство, и да го зголемиме нивото на волонтеризам за заштита од пожари, и нивно опремување и стационирање на поголем број на пунктови на територија на Општина Куманово“, кажа градоначалникот Максим Димитриевски, во јуни годинава.   

    Кумановските пожарникари ја покриваат и територијата на општина Липково, поради што имаа голем обем на работа, а скромна техничка опрема и недоволен број на вработени.  Возилото со хидраулична корпа е особено неопходно за гаснење на пожар во висококатниците во градот.