28. 11. 2020 11:32

Куманово меѓу градовите со најголема трансмисија на коронавирусот

Куманово меѓу градовите со најголема трансмисија на коронавирусот

  Куманово е еден од градовите во државата кој во моментот е со најширока трансмисија на вирусот,  кажа министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде и дека засега не се размислува за воведување на некои поригорозни мерки, затоа што смета дека напливот на пациенти се менаџира добро.

„Во близу две третини од градовите има сериозно намалување на инциденцата во последните недели. Остануваат критични градовите Куманово, Штип, Прилеп, Битола и Скопје“, рече министерот.

Останатите градови, коишто ги спомена министерот Филипче, како едни од градовите  во државата во кои има најголема трансмисија на вирусот се и: Штип, Прилеп, Битола и Скопје.

Тој рече и дека епидемијата го достигнала пикот пред една недела и дека во моментот се стабилизира состојбата со бројот на активни случаи.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk