Мени

Куманово се пласираше во финалето, последна пречка МЗТ Скопје

15.02.2026 00:12 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово го совладаа ТФТ во полуфиналето од Купот со резултат 79-87, и се пласираа во финалето каде што ќе се сретнат против тимот на МЗТ Скопје. 

Куманово се пласираше во финалето, последна пречка МЗТ Скопје

Немања Николиќ имаше свое шутерско шоу денеска и не дозволи МКК да загуби денеска на домашен терен. Натпреварот резултатски личеше на тој вчера, ТФТ во неколку наврати се обидуваше да го скрши отпорот, но кумановчани упорно се враќаа во натпреварот. Николиќ постигнати вкупно седум тројки, го заврши натпреварот со 31 поен, додека Урош Луковиќ постигна 17 поени. Американскиот двоец беше предводник на ТФТ, Стенли Дејвис заврши со 24 поени а Џастин Гордон со 15 поени.

Во првиот натпревар денеска, МЗТ Скопје беше доминантен против Кожув, и натпреварот заврши со 76-58.

Големото финале од Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“ се игра во недела од 19:00.