×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово со шестмина пратеници во идниот парламентарен состав

    16.07.2020 13:47 | KumanovoNews

    Според резултатите од аналитичките центри на партиите, дури шестмина пратеници од Куманово ќе седнат во пратеничката фотелја. По двајца од коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од ДУИ и Алијансата на Албанците.

    Куманово со шестмина пратеници во идниот парламентарен состав

    Од втората изборна единица во идниот парламентарен состав ќе влезат седумина пратеници од Коалцијата „Можеме“ предводена од СДСМ, исто толку - седум од Коалицијата „Обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ и по тројца од ДУИ и коалицијата на Алијансата на Албанците, дознаваме од општинските ограноци, бидејќи се` уште нема официјални податоци од ДИК за распределбата на мандатите.

    Според резултатите од аналитичките центри на партиите, дури шестмина пратеници се од Куманово, кои ќе бранат интересите на градот.

    Од коалицијата на СДСМ идни пратеници ќе бидат носителот на листата во ИЕ2 досегашниот технички премиер Оливер Спасовски и претседателот на општинската организација Мартин Костовски.

    Од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ во парламентот ќе партиципираат Иван Стоилковиќ претседател на ДПСМ и Бране Петрушевски претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од ДУИ место обезбеди носителот на листата во ИЕ2 Арбр Адеми, досегашен министераза образование и Елми Азири од Алијанската за Албанците.  

    Партиите коишто ќе формираат Влада, ќе повлечат дел од пратениците во извршната власт и постои шанса уште некој од кандидатите да добие мандат во парламентот.

    (С.Н.)