×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово во јули ќе биде домаќин на Европската младинска олимпијада, натпреварите ќе се играат во реновираната спортска сала

    19.06.2025 15:55 | KumanovoNews

     На 21 јули во спортската сала во Куманово ќе се игра првиот кошаркарски натпревар помеѓу младинските репрезентации на Македонија и Словенија,   како дел од Европските младински олимписки игри – (ЕМОФ) кои од 20 до 26 јули ќе се одржат во Скопје, Куманово и Осијек.

    Куманово во јули ќе биде домаќин на Европската младинска олимпијада, натпреварите ќе се играат во реновираната спортска сала

    Куманово ќе биде домаќин на спортистите во машка и женска кошарка, велосипедизам и планински велосипедизам.

    „Во градот веќе се акредитирани над 450 лица кои ќе бидат дел од натпреварите како учесници или стручен штаб.  Олимпијадата ќе трае од 18 до 27 јули, а натпреварувањата ќе започнат на 20 јули. Првиот натпревар кај нас ќе го игра машката репрезентација на 21 јули во спортската сала,  додека женската репрезентација во малата сала на училиштето „Перо Наков“. Натпреварувањата во кошарка ќе траат до 26 јули, во велосипедизам од 22 до 24 јули, додека за планиски велосиопедизам само еден ден на 23 јули. Ќе имаме богата спортска програма и верувам дека ќе ја оправдаме довербата за организација на една ваква голема манифестација. Се прават подготовки за анимирање на младите во градот и гостите со богата културна и музичка програма. Куманово досега немамо таков настан, и затоа треба сите да се вклучиме и да дадеме свој придонес за достојно претставување на градот“, вели Александар Крстевски, раководител на Секторот за култура и спорт во Општина Куманово.   

    Оваа манифестација покрај спортски ќе има и туристички и економски бенифит за целиот град и држава. 

    Општина Куманово аплицирала со Македонскиот олимпискиот комитет во 2019 година како Град на спортот да биде дел од овој спортски настан, а поминале неколку степени на проверки дали ги исполнува условите за таков тип на натпревари. 

    ЕМОФ ќе биде најголем мултиспортски настан во истоијата на државата, а тоа е престижна манифестација на младинскиот спорт. Во Македонија ќе се одржи 16-то издание, а се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 спортисти од 48 европски земји кои ќе се натпреваруваат во 15 различни спортови. 

    Целта на оваа манифестација е младите спортисти да го почуствуваат олимпискиот дух, а замислена е како платформа на која ќе можат да го демострираат својот талент. На овој начин се подготвуваат за успех на големите светски сцени, но и се промовира здравиот начин на живот и олимписките вредности.