Кумановски акцијаши фарбаа клупи на Градскиот кеј
„Кумановски акцијаши„ денеска продолжија со акцијата „Зелено Куманово“ за уредување на Градскиот кеј.

Петнаесетина волонтери во претпадневните часови ги фарбаа клупите во близина на спортските игралишта, откако минатата недела истата активност ја спроведоа во паркот кај автобуската станица.
Акцијата „Зелено Куманово“ ја организира Здружението за доброволна волонтерска работа “Кумановски акцијаши“, со финансиска подршка од Цивика Мобилитас, а во соработка со Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“. Акцијата започна на 10 јуни, а ќе трае до 30 септември годинава.
Проектот предвидува сечење и отстранување на зараснатите дрвја и грмушки во коритата на реките, чистење и изнесување на сметот во урбанизираниот дел на градот, од вливот во населбата Бедиње до излезот кај Кумановска бања. Во рамки на проектот предвидено е фарабање на клупите во двата парка.
Во акциите учествуваа и акцијаши од Србија и Босна, а граѓаните на Куманово подршка даваа само на социјалните мрежи, додека практично нивниот број беше минимален.