×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски основци најдобри програмери

    03.04.2014 08:40 | KumanovoNews

    Ученици од основните училишта “Крсте Мисирков“ и “Кочо Рацин“ се наградени на државниот натпревар по информатика кој неодамна се оддржа на Факултетот за информатичка технологија ФИНКИ во Скопје, организиран од Здружение на информатичари на Македонија.

    Кумановски основци најдобри програмери

    Никола Даневски од „Кочо Рацин“ постигна одлични резултати и освои прво место во негова категорија, додека  учениците од “Крсте Мисирков“ Филип Даштевски се закити со второ место, а Дина Додевска трето место.

    На натпреварот земаа учество повеќе учесници, од кои поголем број беа средношколци на возраст до 18 години. Ова е доказ дека имаме млади, талентирани програмери во нашиот град, кои со помош на изучување на програмски јазици и решавање на комплексни алгоритми можат да постигнат добри резултати на еден ваков натпревар во кој учествуваат ученици до 18 години - велат менторите на учениците, Бобан Поповски и Лидија Јордановска.

    Претходно овие ученици покажаа добри резултати на регионален натпревар со што се квалификуваа за учество на државен натпревар.