Кумановскиот музеј слави 50 години постоење
Музејот Куманово годинава слави половина век постоење и успешна работа.

По тој повод на 22 декември во музејот ќе биде организирана свеченост по повод големиот јубилеј. Од Музејот велат дека секоја година напредуваат, релизираат бројни проекти и ги промовираат локалитетите во кумановско.
„Од далечната 1964 година до денес музејот полни 50 години од своето формирање. Најпрвнин бил формиран како историски, па народен музеј, а потоа според заслугите и според проектите добива потврда од Министерството за култура и прераснува во национална установа музеј Куманово. Побогати сме за многу археолошки локалитети, многу изложби од сите области, така што напредуваме во секој поглед и мислам дека тоа се гледа„ - изјави Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.
На 22 декември во музејот ќе биде прикажан документарен филм за работата на музејот од формирањето до денес.