×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот суд донесе пресуди за седумина кумановци кои го прекршиле полицискиот час

    15.04.2020 08:00 | KumanovoNews

    Кумановскиот суд донесе пресуди за седум лица кои не ја почитувале забраната за движење.  

    Кумановскиот суд донесе пресуди за седумина кумановци кои го прекршиле полицискиот час

    Пресудите се донесени врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог од

    Основното јавно обвинителстви – Куманово, за  кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Основиот суд Куманово донесе седум пресуди, со кои шест лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500,00 денари, а едно лице е огласено за виновно и осудено на парична казна од 50 дневни глоби .

    Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, на 29.03.2020 година, на 01.04.2020 година и на 05.04.2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуките на Владата од 25.03.2020 година и 03.04.2020 година, со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21,00 часот до 05,00 часот и од 16,00 до 05,00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период.