×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот суд за еден месец донесе 70 пресуди за прекршување на полицискиот час

    02.05.2020 10:42 | KumanovoNews

    Во Основниот суд во Куманово во текот на април донесени се 70 пресуди за граѓани, кои не постапувале согласно здравствени прописи за време на епидемија. Паричните казни на осудените се движат од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.

    Кумановскиот суд за еден месец донесе 70 пресуди за прекршување на полицискиот час

    „Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на Основно јавно обвинителство Куманово, за сторени кривични дела непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основиот суд Куманово, во периодот од 01.04.2020 година, заклучно со 30.04.2020 година, донесе вкупно 70 пресуди со кои обвинетите се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парични казни, во денарска противвредност од 1.000 евра, до денарска противредност на износ од 2.000 евра“, соопштуваат од Судот.

    Наведените кривични дела обвинетите ги сториле за време на пандемија, прогласена со одлука на Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март 2020 година, не почитувајќи ги одлуките на Владата за ширење и сузбивање заразната болест, преизвикана од вирусот КОВИД-19.