Кумановскиот театар ќе учествува на Фестивал за мали драмски форми во Бугарија
13.06.2024 08:36
| KumanovoNews
Претставата „Драма изгубена во времето“ на Театар Куманово вечерва ќе учествува на 34-то издание на Фестивалот на мали драмски форми во Враца, Бугарија.

„Претставата е во режија на Владлен Александров, а играат Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ. Во краткиот филм во претставата игра Александра Пешевска. Фестивалот ќе трае седум дена, а ќе бидат прикажани четиринаесет претстави од Бугарија и соседните држави“, велат од Центарот за култура.
Претставата премиерно е изведена на сцената на Театар Куманово во 2020 година.