×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот театар со хуманитарна претстава за седумчленото семејство од Ново Село

    21.02.2020 11:41 | KumanovoNews

      Театар Куманово, утре (сабота) со почеток во 20 часот ќе ја игра претставата „Мојата ти“, а средствата ќе бидат донирани за седумчленото семејство Спасиќ од Ново Село.

    Кумановскиот театар со хуманитарна претстава за седумчленото семејство од Ново Село

    Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повикува сите кумановци да дојдат во што погоелм број, заради хуманата димензија.

    - Видовме дека дечињата и семејството Спасиќ од Ново Село имаат потреба од помош, така што ние како театар можеме да им излеземе во пресрет и средствата од претставата „Мојата ти“, којашто е на редовен репертоар, да ги наменивме за семејството на коешто му се многу потребни.  Со билетот од 100 денари многу ќе му помогнат на семејството од Ново Село , - вели Тодоровски.

    Преставата „Мојата ти“ е направена по текст на Олга Димитријевиќ, а е во режија на Драгана Милошевска Попова. Во неа станува збор за четирите „катил“ баби од драмата „Мојата ти“ кои не се типични стари жени кои само се сеќаваат на нешто. Не, тие и делуваат, и се борат, и си помагаат една на друга, и бараат смисла во бесмисленото секојдневие, ѝ се потсмеваат дури и на смртта...

    Во претставата играат актерите: Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ Сања Русеска, Владанка Димковска, Марко Трајковиќ.

    Горан Спасиќ е самохран родител, кој сам се грижи за своите пет деца на возраст од три, пет, седум, девет и дванаесет години, откако пред две години му починала сопругата. Тој е вработен, но неговата плата не е доволна да ги задоволи потребите на сите членови на семејството. Додека Горан е на работа за децата се грижи неговиот татко, кој е со нарушено здравје. Четири од децата одат на училиште, а финансиската можност на родителот не дозволува да им пружи подобри услови за живот како што ги имаат нивните другарчиња.