Кумановските деца правобранители кај Иџет Мемети
        19.11.2014 09:25
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Деца правобранители од основните училишта во Куманово денеска ќе ја посетат Канцеларијата на Народниот правобранител и ќе се сретнат со Иџет Мемети.
Тие ќе разговараат за Светскиот ден за превенција на злоупотреба и насилство кон децата и проблемите со кои се соочуваат правобранителите при нивното работење во училиштата.
На истата средба ќе присуствуваат и деца правобранители од Тетово и Гостивар.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



