×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските пчелари го прославија Светскиот ден на пчелата

    21.05.2025 08:00 | Оливера Пешевска

    Кумановските пчелари, вчера го одбележувањето на 20 Мај - Светскиот ден на пчелата. 

    Кумановските пчелари го прославија Светскиот ден на пчелата

    Членовите на Здружението „Пчела“ присуствуваа на прославата на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, а минатиот викенд организирале традиционално дружење во селото Пчиња.

    Мотото на годинашниот Светски ден е „Пчелите инспирирани од природата да нè хранат сите“. Неговата цел е да ги истакне клучните улоги на пчелите и другите опрашувачи во земјоделско-прехранбениот сектор.

    Медот е единствен производ на светот кој не се конзервира и тој не може да се расипе. Затоа е возможно и урбано пчеларство, бидејќи пчелката кога е заразена, или ќе собере отровна материја не се враќа во кошничката, тврдат пчеларите. 

    Здружението „Пчела“ од Куманово е едно од најбројните во Македонија - бројат 126 членови. Но, има и голем број на одгледувачи кои не се членови на здружението. Сезонските работи околу кошниците и инсектите се веќе започнати, ова пролет биле особено внимателни поради невообичаено ниските температури кои негативно влијаат на вегетацијата.

    „Поради мразот и студот дрвјата не цветаат онака како што би требало во овој период од годината, но пчелките се снаодливи, добро е, си работат. Сите со нетрпение очекуваме кога ќе затопли и раззелени да се фатиме за работа, сега веќе имаме помалку време за дружење, но сите уживаме во природа, на чист воздух и мирна средина заедно со пчелите“, објаснува Бобан Стошевски, претседател на здружението „Пчела“.

    Работните обврски околу кошниците траат некаде до октомври, но во текот на зимата членовите на здружението продолжуваат со активности. Секоја среда во 18 часот во Занаетчискиот дом во Куманово одржуваат едукативни предавања и работилници, меѓусебни дискусии и дебати околу пчеларството, кои се нерпоценливо важни настани за сите вљубеници и ентузијасти за пчелите.