×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските пожарникари лани се справувале со рекорден број пожари

    11.02.2020 17:45 | KumanovoNews

     Територијалната противпожарна единица во Куманово минатата година имала 617 интервенции или во просек, 1,7 на ден.

    Кумановските пожарникари лани се справувале со рекорден број пожари

    Најголем дел од нив биле на отворен простор – 411, од кои 304 во летниот период на стрништа и сува трева, кога ги имало и по десетина дневно.

    „Статистички гледано, ова е една од полошите години во последните 7-8 години. Има рапидно зголемување на бројката на запалени објекти во урбана средина, односно за 32 интервенции на годишно ниво, а големо зголемување бележиме и на запалени моторни возила. Во однос на 2018, лани имаше 80-ина пожари повеќе“, вели командирот Деан Илиевски.

    Тој додава дека најчести причини за пожар во објектите се неисчистените оџаци и старата и дотраена електрична инсталација, а кај моторните возила, нивната старост и големиот број на автомобили во градот.

    Кумановските пожарникари помагаат и за работи кои не се во описот на нивното работно место, па од хумани причини симнувале маче од дрво и ваделе куче од надојдена река.

    Од Противпожарната единица во Куманово велат дека се релативно добро екипирани со 49 пожарникари и располагаат со доволно опрема за да одговорат на сите предизвици. Најголем проблем им е недостаток на хидраулична корпа за гаснење пожари во висококатници, но тој проблем не можат да го решат со општината, бидејќи цената на специјалното возило изнесува 600.000 евра и очекуваат помош од државата.