×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските средношколци се организираат за протест против загадувањето

    19.12.2019 21:02 | KumanovoNews

    Средношколците од Куманово се организираат утре (петок) да излезат на мирен протест, поради големото загадување на воздухот во градот.

    Кумановските средношколци се организираат за протест против загадувањето

     На социјалните мрежи учениците најавуваат дека протестот ќе започна во 11.30 часот, пред Гимназијата „Гоце Делчев“.

    „Сите што се прва смена да останат на настава првите три часа, а втора смена да дојдат во 11.30 часот пред Гимназијата“ , - пишуваат средношколците на Фејсбук групата.

    Дознаваме дека организацијата оди преку ученичките одбор во договор со претседателите на класовите во училиштата. Најголем број поддржувачи имало во Гимназијата „Гоце Делчев“, а потоа во средното училиште „Перо Наков“ и Техничкото училиште „Наце Буѓони“.

    Протести против загадениот воздух на средношколците се најавуваат и во Скопје, Битола и Струмица, во организација на „Средношколски глас“.