×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските училишта добија дезинфекциски средства

    06.03.2020 14:17 | KumanovoNews

    Училиштата во Куманово денеска ги добија дезинфекциските средства што ги набави Министерството за здравство, заради заштита од коронавирус.

    Кумановските училишта добија дезинфекциски средства

    Средствата за дезинфекција рамномерно ќе бидат распоредени според бројот на ученици и паралеки во училиштата.

    Општина Куманово доби 521 парче за потребите на основните училишта и 242 средства за средните училишта.

    - Во текот на денот ќе бидат распоредени во училиштата и ќе се стават на користење. Според спецификацијата што ја добивме станува збор за висококвалитетен алкохолен дезинфекциенс со широк спектар, брз ефект и долготрајно дејство, кој се користи за хигиенска и хируршка дезинфекција на раце,  - изјави раководителот на Одделението за основно образование Александар Саздевски.

    Министерството за здравство одлучи да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските  градинки и јавните тоалети, како една од мерките за заштита од ширење на коронавирусот.