×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лажен инкасатор нападнал кумановка во нејзиниот дом

    23.09.2021 14:59 | Сузана Николиќ

    Млада жена од Куманово вчера била нападната од едно лице, кое се претставило дека е вработен како инкасатор во кабелска телевизија.

    Лажен инкасатор нападнал кумановка во нејзиниот дом

    Во тој момент наишол нејзиниот сопруг и настанала физичка пресметка, по што натрапникот почнал да бега. Додека трчал му испаднал пиштолот што го носел со него.

    Вчера во 12.37 часот во СВР Куманово, З.М.(33) од Куманово пријавила дека околу 12.27 часот во нејзиниот дом била нападната од едно лице. 

    „Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога таа влегла да побара пари лицето ја нападнало. Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и започнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува МВР.