Лажни се пријавите за поставени бомби во две училишта во Куманово
Лажни се пријавите за поставени бомби во две во Куманово. Од СВР Куманово информираат дека се направени сите потребни проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од полицијата.
Предпладнето на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на 9 професори од истите училиштата.