×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП: Да избереме претседател кој нема да не срами

    11.04.2014 13:12 | KumanovoNews

    Од ЛДП ги повикаа граѓаните во недела да гласаат за Стево Пендаровски со заокружување на бројот 3 и да изберат претседател кој гордо ќе ја претставува Македонија.

    ЛДП: Да избереме претседател кој нема да не срами

    Со заокружување на бројот 3 покрај името на Стево Пендаровски имаме неверојатна шанса да гласаме за граѓанска и надпартиска опција за претседател. Погледнете го само делот на надворешната политика. Бил Клинтон како претседател на САД беше пречекан од неговиот колега Глигоров, тука во Скопје. Претседателот Трајковски неколку пати се сретнуваше со Буш помладиот, а најголем дострел во надворешната  политика на Иванов е што му намигнал на Обама. Во делот на внатрешната политика нема што многу и да се каже бидејќи најголемиот дел од мандатот човекот си го преспа во вилата на Водно,  вели Филип Јаневиќ, кандидат за пратеник.

    Од ЛДП потенцираа дека е многу важно кој ќе биде на чело на државата и дека на земјата и е потребен претседател со визионерски ставови.