Мени

ЛДП е респектабилна партија

24.12.2009 12:57 | KumanovoNews

ЛДП во 2009 година ги оствари очекуваните резултати и покрај тоа што годината беше изборна. На локално ниво освоивме 1824 гласа, што беше доволно само за еден советник, бидејќи за стотина гласа не освоивме уште едно место.

ЛДП е респектабилна партија

На претседателските изботи во Куманово имавме 2300 гласа со што дадовме голем придонес на национално ниво, каде нашиот кандидат освои околу 40 илјади гласа. ЛДП е респектабилна партија од чии што гласови многу ќе зависи функционирањето на политичкиот систем во државата. На општинско ниво како дел од победничката коалиција даваме голем допринос во правилно и нормално функционирање на сите органи на Општината и јавните претпријатија. За нас најголема сатисфакција ќе биде  граѓаните да го препознаат она што го работиме - рече претседателот на општинската организација на ЛДП Драган Јањевиќ на синоќешниот новогодишен коктел што го организираа за членовите и симпатизери на партијата.