ЛДП однесе помош на семејството Арсовски
Во пресрет на Новогодишните и божиќни празници, младите од Либерално - демократска партија Куманово викендов го посетија десетчленото семејство Арсовски на кои им однесоа помош во храна и облека.
“Во рамки на нашите можности собравме помош во храна, облека и хигиенски средства кои ќе им бидат од корист на ова семејство. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои земаа учество во оваа хуманитарна акција на ЛиДеМ„ - вели Денис Каревски, секретар на ЛиДеМ.
Арсовски се пожалија дека се на работ на егзистенција, со осум деца и не добиваат помош од државата.
“Ние сме десетчлено семејство, а вработен е само сопругот. Како излегуваме на крај, само ние си знаеме. Пред две години поднесов барање да земам надомест за 3 - то дете, но ме одбија од министерство со изговор дека не ги исполнувам условите“ - рече Јорданка Арсовска.
Од семејството Арсовски се заблагодарија на членовите на ЛиДеМ затоа што се сетиле на нив и се потрудиле да им помогнат.