×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП организира трибина „Размислувај различно – либерално кон Европа“

    03.02.2020 11:35 | KumanovoNews

    Либерално-демократската партија утре (вторник) со почеток во 19.00 часот во големата сала во зградата на Занаетчискиот дом во Куманово, ќе одржи трибина со наслов „Размислувај различно – либерално кон Европа“.

    ЛДП организира трибина „Размислувај различно – либерално кон Европа“

    На трибината ќе говорат: Горан Милевски, претседател на ЛДП и министер за локална самоуправа, Зоран Шапуриќ, потпретседател на ЛДП и директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Јулиана Николова, потпретседател на ЛДП и пратеник во Собранието и Зоран Павловски, член на централниот одбор на ЛДП и државен секретар во Министерството за економија.

    - Општинската организација на Либерално-демократската партија – Куманово ги поканува своите членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани да го проследат овој настан и преку размена на мислења со говорниците да придонесат за изнаоѓање на најквалитетни решенија за надминување на нивните проблеми, - соопштуваат од ЛДП.