×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП пример на модерна партија

    24.12.2010 10:46 | KumanovoNews

     Председателот пред гостите ги истакна најзначајните резултати што партијата ги оствари  минатата година, но најави и активности за наредниот период.

     

    ЛДП пример на модерна партија

    На новогодишниот коктел раководството на Либерално демократската партија на своите членови,симпатизери и граѓаните им ја честиташе Новата година, и им посака многу здравје среќа и упех. Председателот пред гостите ги истакна најзначајните резултати што партијата ги оствари  минатата година, но најави низа активностите за наредниот период.

    ЛДП оваа година ја искористи за стабилизација и зајакнување на општинската организација, откако воочивме одредени недостатоци во организациониот и технички план. Со направените исчекори сега сме пример не само за нас, туку и на останатите политички партии како треба да изгледа современа и модерна партија.Истовремено усвоивме и стратегија за развој на општинската организација за периодот 2010- 2014 година, каде што предвидовме проекти кои во неведениот период ќе ги реализираме. Самиот факт дека голем дел од нашите проекти ги релизира градоначалникот и Советот на општината, претставува огромна сатисфакција и успех за нас, бидејќи со тоа се потврдува дека сме ги погодиле желбите и интереситена граѓаните-рече претседателот Драган Јаневиќ.

    Во годината што измина младите на ЛИДЕМ постигнаа значајни резултати со проектите за безжичен интернет, и најавата за отварање на лизгалиште во градот. Од ЛДП сметаат дека наредната година ќе биде изборна, а партијата ќе освои над 60 илјади гласови и ќе биде дел од идната влада.