Лепа Брена, Џенан Лончаревиќ и Некст Тајм ќе пеат за Денот на градот
25.10.2019 06:30
| KumanovoNews
Со богата музичка програма ќе биде одбележан Денот на градот - 11 Ноември и 500 години Куманово.

Според програмата што ја објави Фондацијата за култура и спорт, на Градскиот плоштад во Куманово три вечери ќе настапат повеќе музички имиња.
Во петок (08.11.2019) ќе пеат: АТА, КАСТРО, КИ, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски и 2 БОНА.
Во сабота (09.11.2019) ќе настапат Некст Тајм и Џенан Лончаревиќ.
Во недела (10.11.2019), на централната прослава се: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, дувачки оркестар Бојан Ристиќ и Лепа Брена.