×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Летна крводарителска акција во четврток на Трансфузиологија

    13.07.2020 11:55 | KumanovoNews

    Во Службата за трансфузиона медицина во Куманово, во четврток од 9 часот до 14 часот ќе се одржи крводарителска акција.

    Летна крводарителска акција во четврток на Трансфузиологија

    Од општинската организација на Црвен крст ги повикаат граѓаните да помогнат во зголемување на резервите на крвни единици, кои во овој период бележат пад.

    „Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на ковид-19 преку процесот на крводарување, бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв,“ велат од Црвен Крст.

    Со одвојување на 30 минути од вашето драгоцено време, ќе станете дел од највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, порачуваат од организацијата.

    (Д.Д.)