×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лицата што треба да одат во самоизолација ќе се објавуваат јавно, најави Филипче

    15.06.2020 20:28 | KumanovoNews

    Здравствените власти размислуваат да ги објават јавно имињата на оние кои одбиваат да примат решенија за самоизолација, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

    Лицата што треба да одат во самоизолација ќе се објавуваат јавно, најави Филипче

    Имињата на лицата кои треба да се во изолација ќе се објавуваат согласно еден член на законот, и најверојатно ќе бидат објавувани на официјалната веб-страница на Министерството за здравство. Секој кој ќе биде објавен, ќе значи дека има решение за изолација.

    „ Ова е сериозен проблем со кој се соочуваат инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Има луѓе кои не ги примаат решенијата и од различни причини стојат зад тоа. Има луѓе кои даваат грешни адреси и телефони во анкетите во однос на контактите па инспекторите не можат да ги најдат овие лица што претставува серозен ризик. Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите, и тоа многу бргу ќе го расчистиме, е јавно да се објави список на лица кои треба да бидат во самоизолација според Законот за управна постапка. Навистина многу време се губи во нивно делење и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата кои не сакаат да излезат во пресрет и да се соработуваат со епидемиолозите и со Државниот санитарен инспекторат“, рече министерот Филипче.