×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково

    02.05.2024 14:59 | KumanovoNews

    Валбон Лимани од коалицијата „Вреди“ денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата Вреди за полнење кутии во Липково.

    Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково

    „Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата Вреди за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона,  со техника позната како „бугарски воз“. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена“, рече Лимани.

    Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.

    „По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата Вреди, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.