Липковец истепал стражар во општина Куманово
27.05.2015 13:02
| KumanovoNews
Жител на Липково истепал лице кое работело како обезбедување во општина Куманово.
Ш.Н.(47) од Липково во април годинава околу 16.30 часот во просториите на општината, прво почнал да го навредува, а потоа и го нападнал Р.Ц.(33) од Куманово, вработен како обезбедување. Удирајќи го со тупаници во пределот на главата му нанел видливи повреди.
Ш.Н. ќе одговара за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.