Лишени од слобода разбојници во Куманово
25.11.2022 15:03
| Оливера Пешевска
Припадниците на СВР Куманово, вчеравечер , во 21.00 часот ги лишиле од слобода С.Д.(21) од Куманово и М.Д.(23) од Велес .

Двајцата се сомничат дека на 20.11.2022 година, во 13.30 часот, на улицата „Иво Лола Рибар“, физички го нападнале А.Р.(37) од Куманово и му го одзеле паричникот.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.