Мени

Литературен конкурс на тема „Град по ваша мерка“

16.10.2019 09:11 | KumanovoNews

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, распишува литературен конкурс на тема „Град по ваша мерка“, за учениците од основните училишта,  кој започнува од денес, а ќе трае до 01.11.2019 година.

Литературен конкурс на тема „Град по ваша мерка“

Целта на конкурсот е поттикнување на младите творци да творат, да ги изразат своите видувања, креативноста, доживувањата и да дадат своја слика за градот. Тоа ќе овозможи нашите млади творци да го промовираат богатството на нашиот град во културно-уметничка смисла, како и да се следат/ слушнат  прогресивните и иновативните идеии на младите умови.

 Учесниците треба да ги достават своите творби (поезија и проза) во еден примерок, под шифра, а заедно со творбата на посебен лист да бидат наведени името и презимето на авторот, називот на училиштето, името и презимето на менторот.

Литературниот конкурс е со награден карактер, и се организира по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.

За најуспешните ќе бидат доделени награди, дипломи, пофалници и благодарници.

Завршната манифестација ќе се одржи на 08.11.2019 година во 12 часот во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.