Локален дожд, грмежи и засилен ветер, во наредните денови
05.09.2019 10:01
| KumanovoNews
Од утре попладне и во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи, соопштуваат од УХМР.
Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

