×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Луција Петровска ученик на генерација во „Крсте Мисирков“

    15.06.2020 09:30 | KumanovoNews

    Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово, денеска го прогласи првенецот на генерацијата и најдобрите просветни работници во училиштето, за учебната 2019/2020 година.

    Луција Петровска ученик на генерација во „Крсте Мисирков“

    Титулата ученик на генерација ја доби Луција Петровска, која вели дека оваа награда за неа има особено значење, бидејќи претставува призание за нејзиниот труд, но и мотивација за понатамошно надоградување.

    „Ова признание за мене е од огромно значеење, затоа што тука учам 10 години. Наградата е цреша на шлагот, навистина сум возбудена. Навистина сум среќна затоа што имав огормна поддршка и од наставниците, но и од семејството. Во иднина, навистина го очекувам најдоброто. Образованието ќе го продолжам во Гимназијата „Гоце Делчев“, додава Луција.

    Признанието за најдобри професори им беше доделено на професорот по информатика, Бобан Поповски и професорката по биологија, Емилија Поп-Глигорова, како и вработените во техничката служба Горан Стојанов и Трајче Велковски.

    Исто така оваа година беа доделени признанија и на други ученици кои се истакнаа со својот успех во текот на учебната година: Ева Димитриевска, Тијана Спасовска, Теодор Сарафимовски, Анастасија Атанасовска, Теа Алексовска, Матеј Димиќ, Ангела Ѓорѓииевска, Миа Цветковска, Тина Рангелова, и Теа Бошковска.

    Директорот на училиштето Александар Јовановиќ, им посака успех на учениците и истакна дека со вакви млади луѓе училиштето само по себе си ја добива својата афирмација.

    „Секоја година на крајот на учебната година правиме ваква манифестација, каде што ги истакнуваме најзаслужените и оние кои вложиле максимален труд за истакнување на нашето училиште. Оваа година, за жал, не може да биде толку масовна како минатата година, меѓутоа и овие дечиња заслужуваат да бидат истакнати, како и наставниците и членовите на техничкиот персонал. Комисијата годинава немаше тешка работа, затоа што најдобар меѓу најдобрите ученици беше Луција Петровска, и` посакувам многу успех во понатамошното образование и на неа, а и на учениците кои завршуваат во деветто одделение, како и на сите други ученици. Искрено се надевам дека пандемијата до месец септември ќе стивне и учениците ќе се вратат во училишните клупи, каде што им е и местото“, рече директорот.

    И покрај вонредните услови со коишто се соочија образовните институции, училиштето може да се пофали и со две меѓународни награди. Имено на литературниот конкурс Видое Подгорец насловен како „Средби под јаворите“  Никола Ристевски освои второ место, а Миа Димитријевиќ трето место.

    (Ф.Марковска)