„Луцкасти кловнови“ на Српскиот театар од Гњилане гостува во Куманово
23.12.2019 11:44
| KumanovoNews
Претставата „Луцкасти кловнови“, во изведба на членовите на Српски театар од Гњилане, наменета за најмладите, утре (вторник) во 19.30 часот, ќе биде прикажана во просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово.

„Целта на претставата е да се забават, насмејат и опуштат децата во овиe празнични денови. Ги повикуваме сите заинтересирани деца од градот да дојдат и да ја погледаат претставата“, - соопштуваат од КУД „Српски вез“.
Претставата гостува по повод Денови на српската култура во Македонија, која ги организира Српскиот национален совет во Македонија и КУД „Српски вез“.