Мени

МААК избра ново раководство во Куманово

03.02.2020 13:56 | KumanovoNews

Општинскиот комитет на МААК Куманово избра ново раководство. За претседател е избран  Мартин Величковски, секретар Бобан Јосифовски и благајник Марио Величковски.

МААК избра ново раководство во Куманово

На изборното собрание се обрати претседателот на МААК  Страшо Ангеловски, членот на Националниот комитет Тони Трајковски, претседателот на ОК Куманово Мартин Величковски .

На собранието беа присутни и гости од коалиционите партии.