Магла на Страцин
        19.12.2014 14:39
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
                  Поради појава на магла, до 50 метри е намалена видливоста кај Страцин-Куманово, Тетово-Попова Шапка и Прилеп-Крушево.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



