Mаглата ја намали видливоста кон Павлешенци
15.12.2014 09:09
| KumanovoNews
Видливоста на патот Куманово - Павлешенци е намалена на 50 метри, поради густата магла.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, каде е можна појава на одрони. Сообраќајот во Македонија се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.