Мајка нападнала син со остар предмет
06.04.2021 17:40
| KumanovoNews
Вчера во 16.52 часот во СВР Куманово, Н.С.(61) од Куманово пријавил дека во неговата семејна куќа на улица „Белановска“ со остар предмет бил нападнат од неговата мајка В.С.(85).

Во Општа болница Куманово кај пријавителот Н.С. била констатирана телесна повреда, додека кај В.С. биле констатирани тешки телесни повреди.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.