×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мајонезот со кој се затруле децата се користел при подготовка на свежа паштета од туна

    14.05.2021 20:56 | KumanovoNews

    Свежа паштета направена од туна и мајонез го предизвикала труењето на дечињата и вработените во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

    Мајонезот со кој се затруле децата се користел при подготовка на свежа паштета од туна

    Тие велат дека мајонезот не се користел како примарна храна туку како додаток во мали колични, а упатствата за подготовка на оброците во детските градинки се издадени од Републичкиот завод за домаќинство.

    „Ја информираме јавноста дека внимателно го следиме случајот со труење на децата во трите објекти од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово и сме во постојана комуникација со надлежните институции. Првичните сознанија, утврдени од Центарот за јавно здравје, укажуваат дека причина за труењето е од мајонез од фабричко производство кој бил во оригинално пакување. Во однос на прашањето што се поставува во јавноста дали мајонез се користи во исхраната на децата, сакаме да информираме дека мајонезот воопшто не се користел како примарна храна туку во многу мали количини под 10%, како додаток при подготовката на свежа паштета од туна и од пилешко месо. Со новите упатства за подготовка на оброците мајонезот целосно ќе биде исфрлен“, соопштуваат од МТСП.

    Министерството за труд и социјална политика најавува дека ќе направи целосна ревизија на Нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детските градинки, во насока на нивно унапредување и усогласување со потребите за правилен раст и развој на децата.

    „Под целосна ревизија ќе бидат и рецептите за подготовка на оброци за децата коишто ги користат установите за воспитание на децата, со цел да се унапредат и да се усогласат со најновите истражувања за здрава исхрана, но и за потребите на децата во делот на нутритивната вредност. Упатствата за подготовка на оброците во детските градинки се изработени од Републичкиот завод за домаќинство и за жал подолг период не се променети. Од тие причини, во соработка со експерти од областа, работиме на подготовка на нови упатства кои ќе значат отстранување на сите производи кои не ги задоволуваат стандардите за здрава исхрана“, додаваат од Министертсвото.

    Тие велат дека во согласност со надлежноста, ќе ги преземе сите мерки за утврдување одговорност за случајот за труење на децата во градинката.Труењето со храна во три кумановски градинки се случи минатиот четврток откако децата за доручек јаделе паштета. Со симптоми на труење лекарска помош побарале 66 деца на возраст од 2 до шест години и три вработени.

    (С.Н.)